- Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов нема да биде во можност да настапи за македонската репрезентација на натпреварите против Швајцарија, Словенија и Шкотска во рамки на претстојниот прозорец (26.09 – 06.10) од новиот циклус од Лигата на нации.
- Причината е административна процедура поврзана со неговиот престој и работниот статус во Полска. Клубот Погон Шчечин во кој настапува Чурлинов доцна ја започнал постапката за обезбедување на потребната работна и документација за негов престој.
- Во случај на негово напуштање на Европската Унија и доаѓање во Македонија, повторното враќање во државите од Европската унија би можело да биде отежнато, односно да биде предмет на соодветни санкции поради надминување на дозволениот период на престој без потребните документи за работа и престој, соопштуваат од ФФМ.
- Најдобрата македонска судијка, Ива Пројковска продолжува да ја збогатува својата професионална кариера. УЕФА сега и довери да го води дербито на колото во женската Лига на шампиони меѓу силните Реал Мадрид и ПСЖ.
- Натпреварот ќе се игра вечерва на стадиончето „Алфредо Ди Стефано“ каде игра Реал Мадрид Кастиља. Пројковска во изминатите неколку години судеше натпревари на највисоко можно ниво.
- Во судијската постава со неа ќе бидат уште и Елена Соклевска-Илиевски како и Диана Ванага од Летонија.
- Реал Мадрид изгуби во градското дерби од Атлетико Мадрид на гости а после натпреварот Жозе Мурињо во свој стил, на прес-конференција покажуваше испечатени фотографии од грубите прекршоци на Ромеро и на Ли Канг-ин кои не биле сакцнионирани.
- Мурињо и играчите на Реал се жалат дека воопшто не биле заштитени од грубите стартови на фудбалерите на Атлетико Мадрид, ниту од главниот судија ниту од ВАР собата.
- Некогашниот легендарен фудбалер на Челси и Реал Мадрид, Клод Макелеле за Мурињо и Реал вели:
- „Не барајте жртвени јагниња во суддиите и одлуките кои ги носат тие. За мене очигледно е нешто друго. Не постои разбирање меѓу играчите на теренот, а ниту меѓу тренерот и играчите“.
- „Мурињо мора да разговара сериозно со своите фудбалери и да внесе некоја живост. Тимот изгледа слабо и многу лошо. Нема план за игра, нема апсолутно ништо во овој тим на Реал, освен некои индивидуални потези. Мора да имаме големи очекувања и да бараме многу повеќе од нив. Проблемот не е судијата и неговите одлуки, постои очигледен недостаток во овој тим. Изгледаат како тим кој нема јасни идеи и план за тоа што треба да прави на теренот, жестоко заклучува Клод Макелеле во анализата која ја направи за „ЕСПН“.