Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Offside › Набрзинка

Макелеле распали по Мурињо: „Не барајте жртвени јагниња, на ништо не личите“

21 September 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Реал Мадрид изгуби во градското дерби од Атлетико Мадрид на гости а после натпреварот Жозе Мурињо во свој стил, на прес-конференција покажуваше испечатени фотографии од грубите прекршоци на Ромеро и на Ли Канг-ин кои не биле сакцнионирани.
  • Мурињо и играчите на Реал се жалат дека воопшто не биле заштитени од грубите стартови на фудбалерите на Атлетико Мадрид, ниту од главниот судија ниту од ВАР собата.
  • Некогашниот легендарен фудбалер на Челси и Реал Мадрид, Клод Макелеле за Мурињо и Реал вели:
  • „Не барајте жртвени јагниња во суддиите и одлуките кои ги носат тие. За мене очигледно е нешто друго. Не постои разбирање меѓу играчите на теренот, а ниту меѓу тренерот и играчите“.
  • „Мурињо мора да разговара сериозно со своите фудбалери и да внесе некоја живост. Тимот изгледа слабо и многу лошо. Нема план за игра, нема апсолутно ништо во овој тим на Реал, освен некои индивидуални потези. Мора да имаме големи очекувања и да бараме многу повеќе од нив. Проблемот не е судијата и неговите одлуки, постои очигледен недостаток во овој тим. Изгледаат како тим кој нема јасни идеи и план за тоа што треба да прави на теренот, жестоко заклучува Клод Макелеле во анализата која ја направи за „ЕСПН“.
извор

Замина легендарниот Сандро Мацола

19 September 2026
  • Share
  • Post
  • Легендарниот напаѓач на Интер, почина на 83-годишна возраст. Целата кариера му ја посвети на клубот од Милано каде запиша 417 настапи и 116 гола во 17 сезони (1960-1977).
  • Сметан е за еден од најдобрите играчи на сите времиња. Освои 4 титули во Серија А и по две во Купот на шампионите и Интерконтиненталниот Куп. Една сезона бил и најдобар стрелец во Серија А.
  • За Италија одигра 70 меча, постигна 22 гола и стана европски првак во 1968-ма. Стана и финалист на СП 1970, но загуби од Бразил на Пеле. Во 1971-ва беше втор во изборот на Златна топка.
извор

Претседателот на фан-клубот на Реал Мадрид од Сеута: „Мбапе ја криеше маицата, а ги поддржа мигрантите“

17 September 2026
  • Share
  • Post
  • Првиот човек на фан-клубот навивачи на Реал Мадрид од шпанската ексклава Сеута (градче кај Мароко кое и припаѓа на Шпанија), изјавил дека биле разочарани од тоа што фудбалерите на Реал Ибраима Конате, Килијан Мбапе и Винисиус Жуниор ги сокриле натписите за поддршка на Сеута на маиците пред натпреварот со Елче (2:3).
  • Се појави видео на кое Винисиус му покажува на Мбапе како да ја свитка маицата за да не се гледа натписот за поддршка на жителите на Сеута. Таканаречената Пења Мадридиста Сеута брои околу 120 членови и е основана во далечната 1987-ма година.
  • Овој град се најде на страшен удар на имигрантски наплив при крајот на јули кога преку 70.000 имигранти насилно влегоа или се обидоа да влезат во Сеута, па оттаму да тргнат за Шпанија. Оттогаш досега се случиле бројни кривични дела меѓу кои и силувања на малолетнии девојчиња од страна на имигрантите кои се судрија и со полицијата.
  • „Бевме изненадени кога ги видовме кадрите од подтрибинскиот простор и видовме како сите играчи ги облекуваат маиците со натпис за поддршка на нашиот град. Но потоа приметивме како тројца играчи на Реал ги виткаат маиците за да не го прикажат самиот натпис. Помисливме: 'Значи нема поддршка'. Ни беше многу криво особено што тоа се играчи на нашиот Реал. Колку што сфатив, Мбапе кажал и дека иако тој сочуствува со нашата ситуација, исто е солидарен и со мигрантите и затоа не ја облекол маицата. Ако имаш маичка за поддршка на Сеута, не ја соблекувај, а утре или на следниот натпревар облечи некоја во поддршка на мигрантите. Просто е“, му порачал на Мбапе првиот човек на фан-клубот на Реал Мадрид од Сеута.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Offside
1

Погодете што сега сака да преименува Трамп

2

Балканско вуду: Проклетија

Балканштина
3

Југославија повторно се обединува

Балканштина
4

САД ќе почнеле војна со Кина поради лоша проценка на ВИ

Свет
5

Да си знаат

Македонштина
6

Победа за АфД, катастрофа за Мерц на покраинските избори

7

Пет земји ја кочат интеграцијата на Црна Гора во ЕУ

8

Мерц одбива да го прифати крајот

Свет
1

Барселона е потресно јака, сега убедливо ја згроми и Севиља на гости

Фудбал
2

Престон Лајонс има ново засилување кое ни е глупо да го напишеме во наслов

Фудбал
3

Трабзон го прекрши Галатасарај 4-0, Салах правеше шоу

Фудбал
4

Атлетико го доби Реал, Мурињо покажуваше слики, Чоло одговори

Фудбал
5

Ниту на мал фудбал нема вакви мангупски завршници

Фудбал
6

Спектакл на „Олимпико“ во Рим, Лаутаро со 2 гола го спаси Интер со Рома

Фудбал
7

Меси ги збуни сите од слободен удар

Фудбал
8

Антиќ: На времето мораше да победиш за да можеш да излезеш во град

Кошарка
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Југославија повторно се обединува

Балканштина

Балканско вуду: Проклетија

Македонштина

Да си знаат

Балканштина

Србија е сè, само не е досадна (компилација)

Балканштина

Оние што се по ЈУС уште траат

Македонштина

Кога со себе ќе го земеш и своето село

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Се јави кумот

Запад требаше порано да сфати дека Путин не блефира

Уреднички булшит на денот

Маица за 2-ри мај

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy