4 милијарди мртви, доволно ли е за вест?

Можеби медиумите се заситија од апокалиптични визии за иднината на планетата поради промената на климата. Разбирливо, бидејќи отекоа. Но, сега и кога има навистина загрижувачки најави, тоа ретко стигнува до насловните страници.  На пример дека ако качиме плус 3 степени до 2050 година, ќе нè има четири милијарди луѓе помалку.  

Сегашниот пораст на глобалната температура, во споредба со прединдустриското време е на работ да го надмине „горниот лимит“ од 1,5 Целзиусови степени договорен во 2015 година на самитот за климата во Париз, кога се извикуваше „1,5 за да преживееме“.

Според сегашната траекторија на емисиите, Меѓувладиниот панел за климатски промени проценува пораст од околу 2°C веројатно уште во 2039 година.

Зголемувањето од 2°C до 2050 година досега беше вклучено во многу сценарија кои главно завршуваа со „катастрофални“ последици врз природата, општеството и човечките животи. Во тие сценарија остануваме без две милијарди луѓе. 

Истражувачи од Универзитетот во Ексетер отишле степен погоре па направиле проекција за ситуација во која просечните температури на планетава би биле три степени поголеми од прединдустриското доба.

Таков епилог не само што не може да се исклучи туку е и многу веројатен. Неодамна, „Њу Сајентист“ објави нова студија за климата во која се заклучува дека светот може да се затоплува за 25 проценти повеќе отколку што предвидуваат сегашните проекции, сугерирајќи затоплување од околу 3,25 степени Целзиусови до 2100 година. Некои научници веруваат дека зголемувањето на температурата од 3 степени Целзиусови е најверојатниот исход и пеесет години порано

Извештајот на истражувачите од Ексетер „Планетарна солвентност“ проценува дека би имало најмалку 4 милијарди смртни случаи.

Гардијан пренесе за извештајот но нивниот наслов беше „„Глобалната економија би можела да се соочи со загуба од 50% на БДП...“

Не е случајно. 72% од медиумските известувања за јунските топлотни бранови во Велика Британија, не ги споменале климатските промени.

Пошто отекоа.

12 September 2026 - 09:59