Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Offside › Набрзинка

РК Охрид го надигра РК Вардар и го освои турнирот во Струга

16 August 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Ракометарите на Охрид се освојувачи на традиционалниот и реномиран меѓународен турнир „Струга 2026“. Во големото финале Охриѓани го совладаа шампионот на Македонија РК Вардар 1961 со 31-30.
  • Охрид водеше на полувреме 15-13, црвено-црните заиграа подобро во вториот дел и направија целосен пресврт 19-18. Но „гладијаторите“ на крај се изборија за триумф 31-30 и прв пехар на овој турнир.
  • Најефикасен на теренот беше Филип Талески кој неодамна го засили Охрид со 9 гола а кај Вардарци Египќанецот Мохаб Абделхак постигна 8 погодоци.
  • На 54. издание на традиционалниот турнир ракометарите на Прилеп завршија трети откако го совладаа домаќинот Струга 30-28 пред преполни трибини на отвореното игралиште „Горан Попоски - Бабец“. Никола Шипинкоски беше прв стрелец со шест гола а Андреј Стојановски даде пет погодоци кај победникот кај кого блескаше и голманот Благојче Трајковски со 13 одбрани. Кај Стружани Никола Јукиќ постигна седум погодоци а Костадин Петров шест гола.
извор

Ѓоковиќ сензационално елиминиран од Синсинати од анонимен Аргентинец

16 August 2026
  • Share
  • Post
  • Новак Ѓоковиќ изгуби на стартот на Мастерсот во Синсинати од младиот Аргентинец Тиаго Аугустин Тиранте во три сета со резултат 2-6, 6-4, 6-4.
  • Тиранте е на 50-то место на АТП листата а ова е првпат Новак Ѓоковиќ да изгуби во воведното коло во Синсинати уште од далечната 2007-ма.
  • Новак доминираше на стартот лесно, рутински го освои првиот сет со убедливи 6-2. Но веќе од вториот сет високите температури и неподносливи горештини како да го намачија Ѓоковиќ па при резултат 2-2 во вториот сет тој поврати и бараше лекарска пауза. Во еден момент буквално падна на колена од исцрпеност па лекарите интервенираа со ладни крпи и лекови да го освежат.
  • Аргентинецот сервираше феноменално во продолжение од мечот (дури 13 аса) и направи пресврт па славеше со 2-1 во сетови после 204 минути игра.
  • Следен предизвик на Новак Ѓоковиќ ќе му биде УС Опен кој започнува на 30-ти август.
извор

Ја одбил Индијана Пејсерс за да заигра во Партизан

14 August 2026
  • Share
  • Post
  • Американската јавност е изненадена со одлуката на Итан Томпсон да ја напушти Индијана Пејсерс каде минатата сезона одигра 32 натпревари и во просек имаше по 7 поени. Минатата сезона му беше прва во НБА на Итан Томпсон а претходно настапуваше за развојните клубови на Чикаго Булс, Орландо Меџик и Мајами Хит во Г-развојната лига.
  • Партизан договорил соработка со 27-годишниот бек а во црно-белиот дрес ќе им се придружи на Карлик Џонс и некогашниот кошаркар на Кливленд Кавалирс Ламар Стивенс.
  • „Парите во Србија можеби се добри, но дали е Србија Индијана? Немојте да одговарате на тоа прашање. Иако е уште под договор со Индијана Пејсерс, Итан Томпсон намерува да потпише договор со српскиот клуб. Томпсон во моментов има „двонасочен“ договор со Индијана но по сè изгледа ќе бара раскин со цел кариерата да ја продолжи во Европа“, вели новинарот Тило Вајдер.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Offside
1

Како стигнавме од вакви луѓе до Боки 13?

Македонштина
2

Трактористот кој го победи пожарот

3

Домот нè издава дека имаме проблем

4

Крстозбор: Вид овца со шест букви?

Балканштина
5

Ве молиме послушајте ја

Македонштина
6

Изгледа им ставаат чубрица во узото

Македонски рулет
7

Кога песна ќе погоди словенска душа

Македонштина
8

Серијата „Одисеја“ на РАИ од 1968 или го заборавивме Беким Фехмиу

Гледанка
1

Документарецот за Дарко Панчев „Патот на Кобрата до ѕвездите“ доби нова награда

2

ФИФА објави видео од камерата на судијата на големото финале на Светско

Фудбал
3

Патувале 5.800 километри 24 дена со кола, за да го бодрат Партизан

Навивачи
4

Најдобриот фудбалер на Светското, се вози со нискобуџетна компанија

Разно
5

Маестрален гол со ножички на фудбалер на Динамо Загреб

Фудбал
6

Ковентри покажа како се претставува нов играч

Фудбал
7

Младиот Хрват Батурина ја шина одбраната на Арсенал

Фудбал
8

Ја одбил Индијана Пејсерс за да заигра во Партизан

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како стигнавме од вакви луѓе до Боки 13?

Македонштина

Ве молиме послушајте ја

Балканштина

Крстозбор: Вид овца со шест букви?

Балканштина

Пазете ја седмицата

Македонштина

Кога песна ќе погоди словенска душа

Македонштина

Брегалница бара хакер

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Мајлс Дејвис и Ненси Реган

Крафтверк: We are the Losers

Не, нема да ја биде

NATO foot fetish

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy