Паредес се степа со Ерик Гарсија и Гави, Ајала му влезе со бокс на Дани Олмо
На Славко Винчиќ му се отвори работа и по последниот судиски свиреж. Аргентинската крв зовре на крајот, а во центарот на вниманието беше Леандро Паредес кој влезе во клинч со Шпанците. На камера е фатен уште еден тепач, а тоа е помошникот на Скалони, Роберто Ајала. Аргентинците не можеа да се помират што не ја одбранија титулата.