- Истражувачи од израелскиот универзитет Технион успеаја првпат во реално време да регистрираат оптички фазни сингуларитети - точки на тотална темнина во сноп светлина, што се движат побрзо од самата светлина.
- Бидејќи овие точки не носат маса или информации, нивното движење не ја нарушува Ајнштајновата теорија за релативност.
- Користеле напреден електронски микроскоп и материјал (hexagonal boron nitride) за забавување на светлосните бранови (над сто пати побавно отколку во вакуум), забавување кое им дало можност да испитуваат настани кои инаку би биле пребрзи и премали за следење.
- Израелските напади врз јужен Либан убија најмалку седум лица, вклучувајќи две деца, само неколку часа откако се објави дека е постигнат договор за прекин на огнот.
- Ден пред договорот, Израел и Хезболах се маваа јако: загинаа 47 луѓе во Либан и четворица израелски војници.
- Инаку, двете страни рекоа дека ќе го почитуваат договорот.
- Договорот меѓу САД и Иран бара прекин на воените операции во Либан и почитување на неговиот суверенитет но ни Израел ни Хезболах не се потписници на тој договор.
- Доналд Трамп вчера го претстави подарокот од Катар вреден 400 милиони долари – новиот и луксузен авион за службената флота на претседателот на САД.
- „Ова е најлуксузниот авион во светот. Изграден е на ниво кое веројатно никогаш повеќе нема да се види“, изјави Трамп откако се прошета низ авионот.
- Новиот Ер форс 1 е многу поголем од претходните. Во основа, тој е „боинг 747-8“ конструиран за катарското кралско семејство, преуреден за потребите на претседателот на САД. Ентериерот изобилува со кожни гарнитури и златни декорации, патриотски слики и огромни екрани.
- Пред да може претседателот да го користи за службени патувања, авионот треба да помине „завршен испит“ за проверка на обуката на пилотите и на ефикасноста на системите.
- Пентагон во октомври изнајми од Луфтханза авион „Атлас Ер 747-8“, а потоа купи друг само за да може да се обучат пилотите и екипажот.