- Војната што Доналд Трамп му ја објави на Иран во изминатите три месеци ги чинела Американците околу 100 милијарди долари, пресмета фирмата за кредитни проценки Мудис.
- Тоа е речиси 750 долари по домаќинство.
- „Инфлацијата продолжува да се влошува колку што подолго трае војната, без решение на повидок“, забележува Марк Занди, врвен економист на Мудис.
- Поради блокадата на Ормускиот проток, просечните цени на бензинот достигнаа највисоко ниво во изминатите четири години.
- Стапката на лично штедење падна на историски најниско ниво.
- Поголема штета е избегната благодарение на повратот на даноците за граѓаните.
- Занди предупредува на потенцијална рецесија, наспроти растот на берзата кон рекордни максимуми.
- Папата Лав XIV ја назначи Марија Монсерат Алварадо, претседателка на американскиот католички медиум EWTN News, на челото на моќниот оддел за комуникации на Ватикан.
- Како префект на дикастерија на Светата столица, Алварадо ќе ги надгледува порталот, радио-станицата, весникот L’Osservatore Romano, прес-службата, издавачката куќа и филмската библиотека на Ватикан.
- Американката родена во Мексико Сити на 1 ноември ќе ја преземе улогата од Паоло Руфини, кој се пензионира.
- Ова се толкува како знак дека Лав, првиот папа роден во САД, ја продолжува мисијата на својот претходник Франциск, кој назначи неколку жени лаици во високите ешалони на Ватикан и го критикуваше „шовинистичкиот менталитет“ на католичката црква.
- Првичните резултати од анализите на месните производи се уште позагрижувачки и кај нив отстапувањата од пропишаниот квалитет се многу поголеми во споредба со млечните производи, вели Светлана Колариќ од Агенцијата за храна и ветеринарство.
- Биле земени 46 мостри од месни производи (сувомеснати производи) а кога анализите ќе бидат конечни, Агенцијата ветува дека имињата на сите производители и оператори кои го прекршиле законот ќе бидат јавно објавени.
- „Потрошувачот мора да биде информиран кога некој му ја нарушува довербата со лажни декларации,“ вели Колариќ.
- Претходно, македонската јавност беше вознемирена од анализите на млекото и млечните производи во кои наспроти декларираната содржина, биле најдени растителни масти.
- Не треба тоа да чуди ако се знае дека последниве години, во Македонија рапидно расте увозот на палмино масло и млеко во прав. Види во: Пиеме палмино млеко во прав.