Охрид не памети ваква ракометна кулминација на една сезона. Салата беше распродадена цела недела пред реваншот со младата екипа на Целје која се покажа како тврд орев.
Во текот на целиот натпревар се играше гол за гол, домаќините одвреме-навреме имаа по гол предност или негатива, така што и на пауза се замина со нерешен резултат 11-11.
Драмата продолжи и во вториот дел а во последните пет минути Јапонецот Јасухира кој пред неколку месеци играше за Вардар, реши да ја преземе одговорноста и да постигне неколку важни голови.
При резултат 23-23 на минута и 50 секунди пред крајот Охрид доби играч повеќе откако Жига Млакар беше исклучен. Тоа го искористи Србинот Дарко Ѓукиќ кој даде гол за +1.
Целје имаше последен напад и Анжиќ погоди неверојатен гол од огромна далечина во последните секунди за 25-24 и го однесе мечот на пенали.
Најефикасен играч во тимот на Охрид беше Косуке Јасухира со девет реализации зад своето име, додека одличен беше и перфектниот Тилен Стрмљан со „седум од седум“. Херој на тимот беше и голманот Пилиповиќ кој собра 12 интервенции.