После катаљарда години, МРТ има нов директор
23 April 2026
- Зоран Ристовски – Ѓуза е новиот прв човек на јавниот сервис кој доби доверба од програмскиот совет на Македонската радиотелевизија да ја води медиумската куќа во наредниот тригодишен мандат.
- Тој на оваа функција го наследува Марјан Цветковски кој беше на чело на јавниот радиодифузен сервис речиси 14 години.
- Како негови конкуренти што се пријавиле на конкурсот, вкупно седум, биле и Тони Гламчевски, Искра Ребац, Перо Попов, Зоран Богатинов, Сотир Сотировски и Игор Себишки.
- Извори на „Фокус“ присутни на седницата велат дека неговата програма на повеќе од сто страници се издвојувала по квантитет и студиозност во пристапот. Други програми биле напишани само на неколку страници, некои од нив најверојатно само со користење на вештачка интелигенција.