Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Хегсет укина задолжително вакцинирање војници против грип

22 April 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Пентагон повеќе нема да бара од војниците секоја година да се вакцинираат против сезонски грип. 
  • „Вакцината ќе остане достапна за припадниците на војската кои сакаат да ја примат. Но, ние нема да ве принудиме, бидејќи вашето тело, вашата вера и вашите убедувања не се предмет на преговори“, порача Министерот за одбрана Пит Хегсет.
  • Воениот персонал на САД сè уште е должен да се вакцинира против разни заразни болести, вклучувајќи мали сипаници, заушки и детска парализа. Во зависност од ризикот и работните обврски, опционално е и задолжително вакцинирање против антракс.
  • Задолжителната вакцинација против грип беше воведена по препораки од медицински лица дека тоа ќе ја спречи болеста и ќе ја подобри целокупната подготвеност на силите. Хегсет ја оцени досегашната обврска како „апсурдна и претерана“.
  • За време на мандатот на Џо Бајден беа отпуштени или доброволно заминаа околу 8.700 активни и резервни војници кои одбија да се вакцинираат против ковид-19. Пентагон лани им понуди да се вратат на своите работни места.
извор

Израел ликвидирал новинарка во Либан

23 April 2026
  • Share
  • Post
  • Либанскиот премиер го обвини Израел за воено злосторство поради намерно убиство на новинарката Амал Кабил во јужен Либан. При нападот беше ранета и фотографката Зејнаб Фараџ.
  • Откако со проектил било погодено првото возило од конвојот на новинарите, и притоа загинале двајца мажи, Кабил и Фараџ се засолниле во куќа во селото Тајри. Веднаш потоа била погодена и куќата.
  • Израелските сили отвориле оган и врз обележаното амбулантно возило што се упатило кон новинарите. Првите екипи стасале до телото на Кабил и до ранетата фотографка по неколку часа.
  • Израелските сили објавија дека гаѓале „возила што се одвоиле од воена структура на Хезболах“ и претставувале „непосредна закана“. Било погодено едно од возилата, а потоа и „објектот во кој избегале другите лица“.
  • Калил во 2024 година изјави дека добила смртни закани и предупредувања да го напушти Либан.
  • Таа е деветтиот новинар убиен во Либан оваа година. Откако Израел ја почна војната на 2 март, убиени се повеќе од 2.300 луѓе, а повеќе од 1 милион беа протерани од домовите.
извор

Летните тераси повторно крадат јавен простор

22 April 2026
  • Share
  • Post
  • Масите се „излезени“ надвор од застаклените тераси на кејот и пред „Торос“ и пред „Бела виста“ и се протегаат до клупите што пред неколку години ги постави Град Скопје.
  • Во Старата чаршија на уличките каде што има повеќе угостителски објекти, луѓето не можат да поминат раат по тесниот простор што е оставен помеѓу „летните тераси“.
  • Безредие владее и на улица „Македонија“, каде што кафулињата постепено си се шират по еден ред повнатре на шеталиштето, а некои од нив, на пример „Студио 54“ буквално има поставено маси и столици по целата ширина на улицата.
  • За давање дозволи за поставување урбана опрема на овие локации, кои воедно се најпосетени и од туристите што сѐ повеќе ги има низ Скопје, надлежен е Град Скопје. Оттаму убедуваат дека константно работат да воведат ред во поставувањето урбана опрема на улица Македонија, на кејот и во Старата чаршија и дека сè уште не се издадени дозволи за летните тераси, пишува Слободен печат.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Јурииииш, одиме во финале после 28 години

Навивачи
2

Тажен школски двор среде Скопје

Македонштина
3

Со она од што паметниот се срами...

Македонски рулет
4

Северна ја снемува, буква по буква

Македонштина
5

Усул, луѓе, усул

Медиуми
6

ЕУ-Маѓар: Прво па ЛГБТ!

Свет
7

Кога Први мај ќе се падне на втори

Балканштина
8

Летните тераси повторно крадат јавен простор

1

ЕУ-Маѓар: Прво па ЛГБТ!

Свет
2

Летните тераси повторно крадат јавен простор

3

Русија ќе ја запре нафтата од Казахстан за Германија

4

„Семоќната“ алатка за пробивање шифри стаса до неовластени корисници

5

Барање до Евровизија од Питер Габриел, Брајан Ино, Пол Велер, Масив Атак...

6

Глобалниот систем за храна е пред колапс

Свет
7

20 земји се силат да стекнат нуклеарно оружје

Свет
8

Трамп бара од МАГА да се откаже од приватноста за „поголемо добро“

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Гледајте да не го изнервирате Јетон со ценкање

Македонштина

Тажен школски двор среде Скопје

Македонштина

Северна ја снемува, буква по буква

Македонштина

Омилено дело - Капитал

Медиуми

Усул, луѓе, усул

Балканштина

Кога Први мај ќе се падне на втори

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Почетоците на балканскиот сајбер

Стево запира тука

Народот бара тројки

Багра

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy