- Поранешниот македонски репрезентативец, Агим Ибраими, е именуван за нов спортски директор на Партизани, откако денеска беше официјално промовиран од претседателот на клубот Газмент Деми.
- Тој веднаш ќе се вклучи во работата и креирањето на спортската стратегија на тимот од Тирана, а паралелно останува и актуелен член на Управниот одбор на ФФМ.
- Назначувањето доаѓа по успешната мисија што ја имаше минатата сезона во Албанија, кога како директор успеа да го стабилизира и спаси од испаѓање клубот.
- Европската ракометна федерација ја повлече номинацијата на Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, кои останаа без можност да судат на Европското првенство кое се игра од 15 јануари до 1 февруари.
- Македонските судии се обвинети од ЕХФ дека наводно го лажирале фитнес тестот и поради тоа се суспендирани од претстојното ЕП.
- „По доставувањето на видеата од страна на Николов и Начевски, Европската ракометна федерација кон крајот на декември беше известена дека поднесените снимки можеби биле изменети и дека не претставуваат веродостоен и целосен запис од тестот“, стои во дел од соопштението на ЕХФ.
- Светската куќа на фудбалот (ФИФА) ја објави официјалната листа на судии кои ќе може да бидат дел од најпрестижните настани во новата 2026 календарска година.
- Македонија на ФИФА-листата фигурира со вкупно 21 судија во сите категории под капата на ФИФА. Само пет од нив се главни, другите се асистенти и футсал-судии.
- Главни судии на мечевите под капата на ФИФА ќе може да бидат Влатко Илијоски, Стојанче Трпчевски, Игор Стојчевски, Ивана Пројковска и Ирена Велевачкоска.