Прописно облечен и блиндиран деминер од анти-терористичка единица претпазливо проверува сомнителен ранец на улица. На минувач му збоктисува бавниот ритуал па доаѓа сам до ранецот и фаќа да го отвора. Ништо, само алишта во него. Веднаш го срушија на земја. Метју Хјуз од Милвоки подоцна бил обвинет за нарушување на јавниот ред и попречување на службено лице.