- Кога требаше да се одлучам што да студирам, требаше да биде нешто поврзано со човекот, со неговата универзална потреба да го објаснува светот во којшто живее, да воспоставува и да одржува врски со други луѓе (затоа што сака или затоа што мора), да верува во нешто поголемо од самиот себе за така да пронајде ред во хаосот.
- Денес, кога предавам на Институтот за етнологија и антропологија, се обидувам таа љубопитност за човекот и неговите приказни да ја пренесам и на студентите. На 20 годишнината од неговото постоење во рамки на Природно-математичкиот факултет и јас и моите колеги сме горди на постигнатото и на кадарот кој сме го произвеле.
- Секогаш кога на празник ќе се наполни трпезата, кога ќе се запее некоја народна, кога ќе се кренат чашите и ќе се посака добро на домашниот, соседот, човекот, сетете се на етнологијата и антропологијата и на нивната моќ да ги разбира и да ги сплотува.
Види и:
Илина на ТЕД
- Израелските сили извршија напад врз раководството на Хамас во Катар, во прв удар врз заливската земја што е активна како посредник во мировните преговори за Газа.
- Во главниот град Доха одекнале неколку силни експлозии. Цел на нападот, според извори на Ал џезира, бил преговарачкиот тим на палестинската милитантна група, кој во Доха го разгледува новиот план за прекин на огнот претставен од САД.
- Катар го оцени израелскиот напад како „кукавички“ и како грубо прекршување на меѓународните закони. САД не го коментираа нападот, но Амбасадата во Доха ги повикаа сите службеници и американски граѓани во Катар да останат засолнети.
- Израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич изјави: „Терористите немаат и нема да имаат имунитет од долгата рака на Израел каде и да се во светот“.
- Во речиси двегодишната војна против Хамас во Газа, Израел досега ги бомбардираше Либан, Јемен, Сирија и Иран. Израелски дрон вчера нападна флотила за Газа вкотвена во Тунис, а денеска на ред дојде Катар.
- Непалскиот премиер Хагда Прасад Шарма Оли поднесе оставка откако протестите против корупцијата еруптираа во улични пресметки со 19 жртви и палење на парламентот и резиденцијата на премиерот.
- Повод за демонстрациите беше владината блокада за социјални медиуми, со објаснување дека групите таму договараат соборување на власта. Илјадници луѓе, претежно млади, вчера во Катманду тргнале да го заземат Парламентот, на што полицијата возвратила со солзавец и гумени куршуми, но и со бојна муниција. Во општиот хаос биле убиени 19 луѓе и повеќе од 300 биле повредени.
- Иако владата ја укина блокадата на социјалните мрежи, „Бунтот на генерацијата З“, како што медиумите ги нарекоа протестите, денеска бил уште помасовен. Наместо да упаднат во Парламентот, демонстрантите го запалиле, исто како и резиденциите на премиерот Оли и на други политичари. Премиерот веднаш дал оставка и го напуштил Непал.
- Поради чадот од запалени објекти и улични барикади бил запрен сообраќајот на меѓународниот аеродром. Војската апелираше до младите да се воздржат од насилства, бидејќи оставката на премиерот е прифатена.
- „Непалците, особено од генерацијата З, се разгневени од корупцијата, нетранспарентноста, неодговорноста и лошото владеење. Ова се собираше со времето и крвавото задушување на мирните протести поради забраната за социјални медиуми експлодираше во трагедија. Сега никој не управува со ситуацијата. Групи млади луѓе ги вандализираат имотите на функционерите и политичарите“, објаснува непалската новинарка Рамјата Лимбу.