Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Амнестија за бранителите на Перу од маоистичките герилци

14 August 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Перуанската претседателка Дина Болуарте го потпиша законот за општа амнестија на војниците и полицајците обвинети за прекршувања на човековите права во периодот на судирите со маоистичките герилци од 1980 до 2000 година. За време на граѓанската војна во Перу загинаа повеќе од 69.000 луѓе, а исчезнаа уште 20.000.
  • „Се признаваат жртвите на членовите на оружените сили, полицијата и групите за самоодбрана во борбата против тероризмот. Им ги враќаме достоинството, кое никогаш не смееше да биде оспорено“, изјави претседателката.
  • Со законот се поништуваат повеќе од 156 пресуди и повеќе од 600 судски процеси против припадници на силите за безбедност поради прекршување на човекови права во пресметките со герилците од Сендеро Луминосо, Тупак Амару и со други радикални левичарски групи. 
  • Законот за амнестија беше предложен од десничарската партија Народна сила, формирана од поранешниот претседател Алберто Фухимори. Тој беше осуден на 25 години затвор поради прекршување човекови права, но беше помилуван во 2023 година.
  • Групата Амнести интернешнел бараше од претседателката да не го потпишува законот, бидејќи за многумина осудени е докажана вина за произволни убиства, киднапирања, мачења и силувања.
извор

Мендух - напред, назад, немам где - Тачи

15 August 2025
  • Share
  • Post
  • Откако ги прекина односите со едната страна за да ѝ се приближи на другата, лидерот на ДПА, Мендух Тачи, потврдува дека со Владата не е постигнат никаков договор за соработка и дека немаат ниту една заедничка точка. 
  • „Иако покажавме желба за конструктивност, дојдовме до заклучок дека немаме ништо заедничко со политиката на оваа влада и нема да имаме“, вели Мендух Тачи, по неколкумесечни преговори.
  • Тачи повеќе нема соработка ниту со ДУИ и Европскиот фронт. „Со жалење можам да констатирам дека и разговорите или преговорите со г. Ахмети пропаднаа“.

  • На последните локални избори, ДПА победи само во Студеничани со Азем Садики. Четири години подоцна, Садики најави дека повторно ќе се кандидира, но како независен кандидат.

извор

Аплауз за првиот млекомат во Македонија

15 August 2025
  • Share
  • Post
  • За прв пат во Македонија, манастирот Богородица Пречиста, познат по својата долга и развиена сточарска дејност, се погрижи жителите на Кичево и околината да имаат можност да набавуваат свежо, органско кравјо млеко, директно од манастирската фарма.
  • Mлекото е достапно преку современ млекомат, кој овозможува да го добиете производот секогаш свеж, со зачувани природни хранливи својства, кои се особено важни за човековото здравје. На овој начин, секој може брзо и лесно да ужива во вкусот на вистинското, непастеризирано млеко, без додатоци и конзерванси.
  • Млекоматот се наоѓа во центарот на градот, односно во непосредна близина на стариот објект на Општина Кичево или сегашно седиште на ЈП Комуналец и работи постојано.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Швалери, да знаете, вака е во ЕУ

Балканштина
2

А ќе речеш професорка

Македонски рулет
3

Шуќур добра домашна реклама

Видео
4

Така беше

Македонштина
5

Балкански електролити и пробиотици

Балканштина
6

Како воопшто имал храброст да ги снима?

Навивачи
7

Социјален брутализам

Балканштина
8

Аплауз за првиот млекомат во Македонија

1

Аплауз за првиот млекомат во Македонија

2

СССР до Алјаска

3

За две години почнува 15-годишно ВИ ропство

Технологија
4

Платеници од новиот Блеквотер ќе војуваат против бандите на Хаити

Свет
5

Мендух - напред, назад, немам где - Тачи

6

Мал чекор за Молдавија кон ЕУ - голем скок за проевропските партии?

Свет
7

ВИ смислува револуционерни антибиотици

Здравје
8

Нови судири, многу повредени и уапсени низ Србија

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Балкански електролити и пробиотици

Македонштина

Така беше

Балканштина

Швалери, да знаете, вака е во ЕУ

Балканштина

Социјален брутализам

Македонштина

Што научивме од нашите несреќи?

Македонштина

Ќе се најде ли буквалист?

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Какви се шансите?

10-те наци џез заповеди

Наши барања до таксистите

Боди билдинг на македонски начин

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy