Арсовска не одговара на прашања на медиумите, а се жали на еднострано информирање
13 August 2025
- Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска за четири години колку што е на функцијата, до Совет за етика во медиумите (СЕММ) поднела 18 жалби против 18 медиуми за неточно информирање за нејзината работа.
- Ако на ова се додадат и шестте жалби на Град Скопје и 11 на јавните претпријатија што се под контрола на градоначалничката, тогаш вкупниот број на жалби за четири години изнесува 35.
- Една статија на порталот мкд.мк ја обжалиле затоа што ја илустрирале со фотографија која на Градот не му се допаѓа.
- „Располагаме со сите имотни листови на сé што поседува семејството на актуелната градоначалничка Арсовска, меѓу кои се и старските домови, за што убаво е објаснето во текстот. Не е точно дека не била побарана втората страна. Како и секогаш досега е испратен официјален меил до Град Скопје со прашања, меѓутоа во последните три години за сé што е пишувано и е побарано нејзин коментар, таа ниту еднаш не нѐ удостоила со одговор. Досега ѝ се испратени преку 30 мејлови со прашања, а претходно и на нејзиниот мобилен телефон, но ниту еднаш не сме добиле одговор. Исто така, испратени и се покани и за интервју, кои цело време се игнорираат“. наведува Фокус за една жалба против нив.
- Сепак од СЕММ нашле дека од медиумот бил прекршен член 1 од Кодексот на новинарите на Македонија.
Види и:
Советот за етика во медиумите почна да бара грешки во сатира