- Македонската фудбалска репрезентација на 4 септември во Прага со почеток од 17 часот, ќе одигра пријателски натпревар против Саудиска Арабија.
- Ова ќе биде трет меѓусебен дуел на двете селекции. Првата средба се одигра на 1 август 2001 година во Ријад и заврши 1-1, додека вториот меч беше на 22 октомври 2022 во Абу Даби, кога Саудиска Арабија победи со 1-0 во натпревар на кој за Македонија настапија играчи од домашниот шампионат.
- Контролниот меч на Македонија ќе биде тест за избраниците на Боби Милевски, бидејќи само три дена подоцна, на 7 септември во Скопје, ни гостува Лихтенштајн во квалификациите за СП 2026.
- По синоќешните реванш натпревари од 3. квалификациско коло се комплетираа паровите за последната рунда која води во лигашката фаза од Лигата на шампионите.
- 14 клубови ќе се борат за последните седум места во елитното европско клупско натпреварување.
- Првите натпревари ќе се играат на 19 и 20 август, а реваншите се на 26 и 27 август.
- Ференцварош (Унгарија) - Карабах (Азербејџан)
Црвена Ѕвезда (Србија) - Пафос (Кипар)
Ренџерс (Шкотска) - Клуб Бриж (Белгија)
Бодо Глимт (Норвешка) - Штурм (Австрија)
Селтик (Шкотска) - Каират (Казахстан)
Базел (Швајцарија)- Копенхаген (Данска)
Фенербахче (Турција) - Бенфика (Португалија)
- Агентот на италијанскиот репрезентативен голман Џанлуиџи Донарума изјавил дека се „комплетно шокирани и разочарани“ од тоа како ПСЖ се поставил кон неговиот клиент после 4 златни години во клубот. Тренерот Луис Енрике го остранил Донарума од составот за натпреварот од Супер Купот на Европа против Тотенхем. Наводно Енрике сакал друг профил на голман.
- Донарума беше творец на најголемите клупски успеси на ПСЖ, освои бројни шампионски титули, Купови на Франција и како круна на сè - Лига на шампиони каде беше најдобар голман на патот до трофејот.
- Сега за Италијанецот се силно заинтересирани Манчестер Сити и Баерн Минхен. Во ПСЖ летово дојде Лукас Шевалие од Лил и се очекува тој да биде прв голман а втор да биде или Арнау Тенас или Русинот Матвеи Сафонов.