- Колумбиецот Луис Диаз и официјално е нов фудбалер на Баерн Минхен. Потпиша договор до 2029-та година со неверојатна годишна плата од 14 милиони евра (верувале или не во Ливерпул заработувал 3,3 милиони евра, помалку од Костас Цимикас и Конор Бредли), а го земал и бројот 14 на дресот.
- За 28-годишниот крилен напаѓач Ливерпул добива 70 милиони евра плус 5 милиони евра бонуси. Ова е трета најскапа продажба во историјата на англискиот шампион (повеќе земаа само за Филипе Кутињо и Луис Суарез) и трет најскап трансфер во историјата на Баерн Минхен (повеќе платија само за Хари Кејн и Лук Ернандез).
- Навивачката група на ФК Шкупи, „шверцери“ излегоа со соопштение во кое тврдат дека имаат податоци дека во текот на минатата сезона претседателот на клубот заедно со дел од директорите кои повеќе не се во клубот манипулирале со некои натпревари за лична корист.
- „Вчера откако добивме информација дека пријателскиот дуел со Арсими се подготвува за местење за обложување, решивме во соработка со ФФМ да го откажеме“, велат „шверцери“ кои додаваат и дека Шкупи патува во Турција на подготовки но таму ќе намести уште еден натпревар и ги повикуваат сите надлежни органи под итно да интервенираат и да спречат овој срам да продолжи и понатаму.
Фото: Epa Images
- Лидерот на Вест Хем и бразилски репрезентативец Лукас Пакет конечно може да здивне. Регулаторната Комисија при Фудбалската асоцијација на Англија соопшти дека бил чист и дека се ослободува од секаква вина за сомнителни обложувања.
- Минатата година, 27-годишниот Пакета беше обвинет дека наводно намерно добивал жолти картони за време на четири премиерлигашки натпревари во периодот од ноември 2022 до август 2023 против Лестер Сити, Астон Вила, Лидс Јунајтед и Борнмут.
- Тој се сомничеше дека тој и негови пријатели и роднини од Бразил се кладеле на типови за жолти картони.
- Но истрагата не докажала ништо и тој е целосно чист и ослободен од секакво обвинение. „Од првиот ден на истрагата бев мирен зошто сум невин во однос на овие екстремно сериозни обвинувања. Сакам да кажам колку многу сум му благодарен на Бог и колку сакам што се враќам да играм фудбал со насмевка на лицето. Благодарам до жена ми, до Вест Хем Јунајтед, до навивачите, до моето семејство, пријатели и правиот тим кој ме поддржуваше, ви благодарам“, напишал Пакета