Вардарци успешно ја завршија првата европска задача во квалификациите од Конференциската лига, но во второ коло не се фаворити, бидејќи им се падна Лозана.
Првиот натпревар се игра во Скопје на 24 јули, а реваншот е седум дена подоцна во Швајцарија.
Ако успеат да направат изненадување, сигурно ќе донесат многу повеќе публика на Градски, бидејќи можните противници се викаат Хајдук, Партизан, АЕК Атина, Спарта Прага...
Италијанскиот шампион не се шегува. Наполи прво по освоеното шампионско скудето седна на маса и се договори со тренерот Конте. Неколку дена траеа преговорите со строгиот газда Аурелио Де Лаурентис кој ветил дека ќе му ги исполни сите желби. И веќе му ги исполнува.
Наполи летово ги донесе сјајниот Кевин Де Брујне, одличниот крилен напаѓач на ПСВ Ајндховен и белгиската репрезентација Ноа Ланг (25 милиони евра), стоперот Сам Беукема (Холанѓанец од Болоња за 31 милион евра плус 3 милиони евра од евентуални бонуси) и високиот шпиц на Удинезе Лоренцо Лука (позајмица со право на откуп за околу 35 милиони евра вклучително со бонуси).
Лоренцо Лука е висок 2.01 метар и важи за највисок центарфор во Серија А. И покрај висината, го краси одлична техника со топка. Досега во прва лига има дадено 20 гола со 6 асистенции на 70 меча а има и 5 настапи за Италија. Ќе биде топ играч за нападот со Ромелу Лукаку.
Наполи крена раце од Дарвин Нуњез за кого нудеа 50 а Ливерпул барал астрономски 70 милиони евра.
Во четвртокот напладне, легендарниот екстремен спортист Феликс Баумгартнер (56) загинал при лет со параглајдинг на јадранскиот брег на Италија близу местото Порто Сант'Елпидио.
Баумгартнер скокнал околу 16 часот, за време на летот му се слошило па изгубил контрола над леталото и паднал во хотелски базен каде имало присутни капачи (закачил и некоја жена која минала со лесни повреди). Само два часа пред трагедијата, тој на Инстаграм објавил видео со слика од небото со натпис: „Премногу ветер“.
Австриецот Феликс Баумгартнер е познат во светот на екстремни спортови а најмногу се памети по скокот од вселената во 2012-та година кој го изведе во соработка со Ред Бул.
Во кариерата постави дури 14 светски рекорди, стана прв човек кој го прелетал каналот Ла Манш со падобрански крила и доби многу престижни награда меѓу кои и Лауресовата премија за спортска акција на годината.