Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Offside › Набрзинка

Како загина Феликс Баумгартнер, човекот кој скокна од вселената

18 July 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели

Фото: Epa Images 

  • Во четвртокот напладне, легендарниот екстремен спортист Феликс Баумгартнер (56) загинал при лет со параглајдинг на јадранскиот брег на Италија близу местото Порто Сант'Елпидио.
  • Баумгартнер скокнал околу 16 часот, за време на летот му се слошило па изгубил контрола над леталото и паднал во хотелски базен каде имало присутни капачи (закачил и некоја жена која минала со лесни повреди). Само два часа пред трагедијата, тој на Инстаграм објавил видео со слика од небото со натпис: „Премногу ветер“.
  • Австриецот Феликс Баумгартнер е познат во светот на екстремни спортови а најмногу се памети по скокот од вселената во 2012-та година кој го изведе во соработка со Ред Бул.
  • Во кариерата постави дури 14 светски рекорди, стана прв човек кој го прелетал каналот Ла Манш со падобрански крила и доби многу престижни награда меѓу кои и Лауресовата премија за спортска акција на годината.

Ламбе скокна!

 

извор

Наполи крена раце од Нуњез и донесе многу интересен шпиц

18 July 2025
  • Share
  • Post

Фото: Epa Images 

  • Италијанскиот шампион не се шегува. Наполи прво по освоеното шампионско скудето седна на маса и се договори со тренерот Конте. Неколку дена траеа преговорите со строгиот газда Аурелио Де Лаурентис кој ветил дека ќе му ги исполни сите желби. И веќе му ги исполнува.
  • Наполи летово ги донесе сјајниот Кевин Де Брујне, одличниот крилен напаѓач на ПСВ Ајндховен и белгиската репрезентација Ноа Ланг (25 милиони евра), стоперот Сам Беукема (Холанѓанец од Болоња за 31 милион евра плус 3 милиони евра од евентуални бонуси) и високиот шпиц на Удинезе Лоренцо Лука (позајмица со право на откуп за околу 35 милиони евра вклучително со бонуси).
  • Лоренцо Лука е висок 2.01 метар и важи за највисок центарфор во Серија А. И покрај висината, го краси одлична техника со топка. Досега во прва лига има дадено 20 гола со 6 асистенции на 70 меча а има и 5 настапи за Италија. Ќе биде топ играч за нападот со Ромелу Лукаку.
  • Наполи крена раце од Дарвин Нуњез за кого нудеа 50 а Ливерпул барал астрономски 70 милиони евра.
извор

Ќе биде „жешко“ на Градски, ако Вардар го мине второто коло

18 July 2025
  • Share
  • Post
  • Вардарци успешно ја завршија првата европска задача во квалификациите од Конференциската лига, но во второ коло не се фаворити, бидејќи им се падна Лозана.
  • Првиот натпревар се игра во Скопје на 24 јули, а реваншот е седум дена подоцна во Швајцарија.
  • Ако успеат да направат изненадување, сигурно ќе донесат многу повеќе публика на Градски, бидејќи можните противници се викаат Хајдук, Партизан, АЕК Атина, Спарта Прага...
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Offside
1

Парма ли е, свадба ли е во Континентал 95-та?

Фудбал
2

Битолскa дисциплина

Балканштина
3

Никола Јокиќ во Кина пречекан како Бата Живојиновиќ

Кошарка
4

Откако во Хрватска му откажаа концерт на Бајага, Рамбо сам го откажа својот

5

После се фатија за рака и заминаа кон хоризонтот

Македонски рулет
6

Аргументите на Миленко за Вардар

Фудбал
7

Патлиџанот вреска, молците слушаат

Наука
8

Хумористичен дијалог на денот: Јателе и Тителе

Македонски рулет
1

Парма ли е, свадба ли е во Континентал 95-та?

Фудбал
2

Никола Јокиќ во Кина пречекан како Бата Живојиновиќ

Кошарка
3

Аргументите на Миленко за Вардар

Фудбал
4

Кога младиот и непознат Германец Новицки ги разбил Пипен, Баркли и Џордан

Кошарка
5

НБА веќе зборува на големо за Игор Демин

Кошарка
6

Јако кинеско изненадување за Јокиќ

Кошарка
7

Волкановски кај Гуга Фудс јаде бифтек удавен во макало од лук

Фудбал
8

Вардар не победи во Сан Марино поради автогол во 93-та минута

Фудбал
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Битолскa дисциплина

Македонштина

Со постот се претера

Македонштина

Ние што не сме дивоградби, гледа ли некој како живееме?

Македонштина

Крвта, неписмени, крвта

Балканштина

Да била машко, на друго ќе накапала

Македонштина

Вака се сака Преспански

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Кога успехот (во школото) води кон пораз (во животот)

Молчењето е Талат

Не можеш да им угодиш, па тоа ти е

Сè е во нејзини раце

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy