Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Илон Маск основа нова партија во САД

6 July 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Илон Маск има намера да го сруши партискиот дуопол на демократите и републиканците поради што официјално влегува во политичката арена основајќи сопствена политичка опција - Американска партија.
  • „Денот на независноста е вистински момент да се запрашате, сакате ли независност од двопартискиот, некои би рекле, еднопартискиот систем,“ порача Маск на Икс.
  • Маск проценува дека со оглед на секогаш тенкото мнозинство кое го имаат едните или другите, ќе бидат доволни две-три места во Сенатот или победа во осум до десет окрузи за Претставничкиот дом, за да се осигура пресуден глас при донесување контроверзни закони. 

 

извор

Орце Ѓорѓиевски е вмровскиот кандидат за Скопје

6 July 2025
  • Share
  • Post
  • Актуелниот градоначалник на Кисела Вода е кандидат за градоначалник на Град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори што ќе се одржат во октомври.
  • Обелоденувајќи ја одлуката, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски, рече дека партиските одлуки се темелат на анкетите кои покажуваат дека Ѓорѓиевски води убедливо дури и петпати повеќе во однос на решенијата што се споменуваат од СДСМ.
  • „Кога сме кај Градот верувајте ги научивме сите лекции за да не погрешиме сега повторно во изборот за прв човек на градот, пред се што Орце е веќе докажен во Кисела Вода и делата што ги направи говорат за него. Сега ќе има нова задача да го развива Скопје, да ја нормализира неговата работа и да го врати на скопјани. Ќе понудиме програма, но и заедничка работа и визија“, наведе Мицкоски.
  • Утврдени се и кандидатурите за општините Гази Баба, актуелниот Бобан Стефковски, за Карпош Сотир Лукровски, од приватнот сектор, за Лозово актуелниот градоначаник  Бошко Цветкоски, за Пехчево, актуелниот градоначалник Александар Китански, за Ресен актуелниот Јован Тозиоски, за Зрновци исто така актуелниот градоначалник Борче Коцев.
извор

БлекРок престана да бара инвеститори за Украина

6 July 2025
  • Share
  • Post
  • Фамозната и озлогласена мултинационална инвестициска Годзила, БлекРок, престанала да бара инвеститори за амбициозниот план вреден многу милијарди долари за пост-воена обнова на Украина.
  • Фондот за оваа намена кој треба да биде обелоденет на Конференција најавена за следната недела во Рим, бил близу до обезбедување на основниот пакет за кој поддршка дале владите на Германија и Италија и Полска.
  • Идејата беше за почеток да се соберат 500 милиони долари од држави и две милијарди долари од приватни инвеститори, обелодени лани потпретседателот на Блeк Рок, изјави Филип Хилдебранд.
  • Меѓутоа, во јануари БлекРок решиле да ги прекинат разговорите со институционалните инвеститори поради недостаток на интерес кој е резултат на зголемената неизвесност околу иднината на Украина.
  • Американските власти уште во декември ги немаше меѓу оние кои го поддржуваат Фондот за обнова на Украина.
  • Во меѓувреме, Франција работи на алтернативен предлог  фонд кој би ја заменил иницијативата на БлекРок, но без Американците, тешко дека тоа ќе успее.
  • Светската банка проценува дека за обнова на Украина, после завршувањето на војната, ќе бидат потребни најмалку 500 милијарди долари.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

БлекРок престана да бара инвеститори за Украина

2

Зачнување на нов проблем со ковид вакцините

Здравје
3

Томпсон го видоа и слушнаа преку половина милион луѓе

Балканштина
4

Дајте од тие дрогите

Медиуми
5

Не се множиме како што очекувавме

Разно
6

Томпсон бил рекордер??

Онака
7

САД ќе штанцаат милијарди муви против месојадна ларва

Разно
8

Нема Холанѓанец без вечни хемикалии во вените

Здравје
1

БлекРок престана да бара инвеститори за Украина

2

Зачнување на нов проблем со ковид вакцините

Здравје
3

Не се множиме како што очекувавме

Разно
4

САД ќе штанцаат милијарди муви против месојадна ларва

Разно
5

Нема Холанѓанец без вечни хемикалии во вените

Здравје
6

Мечка страв, псилоцибин не страв

Здравје
7

Израел е решен да ги истреби и новинарите кои го документираат геноцидот

Свет
8

Како големата фармација закопа надежен лек

Здравје
* за последни 24 часа

Локалности

Медиуми

Дајте од тие дрогите

Македонштина

Новото „змија или магаре“: Данок или депресија?

Македонштина

Куманово, град на иновации

Балканштина

Да видиме каде тоа ѝ останала душата на Нада

Македонштина

Не бе, не е гужва во Капиштец

Балканштина

Навремен мајчински совет

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Хармониката како психотропна супстанца

Гушкање, во добро и во лошо

Еве дојди кај нас

Нè искрши бе, малo

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy