- Премиерот на Израел не ја исклучува можноста за атентат врз врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Камнеи, тврдејќи дека таков потег ќе го оконча конфликтот.
- „Денес на мета е Тел Авив, утре би можел да биде Њујорк“, рече Нетанјаху во интервју за АВЦ порачувајќи му на Трамп дека ја разбира политиката „Америка прва“, но не и „Америка мртва“.
- Вели дека го нападнал Иран за доброто на човештвото а ликвидираните научници ги опиша како Хитлеров нуклеарен тим.
- Претходно Ројтерс пренесе информации од американски функционери дека Трамп ставил вето за идејата за атентат на врховниот ирански лидер.
- Ајатолахот Али Камнеи им 85 години и е врховен водач на Иран од 1989 година, кога го наследи Хомеини.
- „Крафт Хајнц“ вети дека до 2027 година ќе ги отстрани сите вештачки бои од храната што ја продава во САД.
- Компанијата во 2016 година ги отстрани вештачките бои од своите популарни „макарони и сирење“ а сега ја проширува политиката на цела палета.
- Одлуката на Крафт Хајнц следува по директниот притисок од првиот човек на департментот за здравство и човечки услуги, Роберт Ф. Кенеди Џуниор, кој од раководителите на големите прехранбени компании побарал да ги отстранат вештачките бои додека му трае мандатот.
- Неколку држави, вклучувајќи ги Калифорнија, Вирџинија и Западна Вирџинија, веќе ги забранија вештачките бои, а повеќе од половина од американските држави размислуваат за слични мерки.
- По завршувањето на тридневниот собир на светската политичка и бизнис-елита Билдерберг во Стокхолм, претседателот на Словачка, Петар Пелегрини, неочекувано ја откажа посетата на Македонија.
- На собирот на оваа „светска влада во сенка“, грчкиот премиер бил извонредно активен; во свое име и во име на грчката влада „жестоко ги бранел бугарските позиции во врска со извештајот на Вајц“, пишува Нова Македонија.
- Нивни извори брифирале дека „приоритет на Мицотакис му бил и да излобира заштита на интересите на Бугарија и Бугарите против Македонија“, затоа што „бранејќи ги Бугарите и бугарските интереси против Македонија, грчкиот премиер ги бранел и грчките интереси и посебно Преспанскиот договор, со тоа што го негирал милениумски егзистирачкиот засебен македонски ентитетски супстрат.
- На грчко-бугарската оска која решила да го минира извештајот на Вајц, ѝ се има приклучено и Романија.