Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Авион со 242 луѓе се урна во згради во Индија, нема преживеани

12 June 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • „Боинг 787“ со 230 патници и 12 члена на екипажот се урна непосредно по летнувањето од аеродромот во Ахмедабад, Индија, на лет кон Лондон.
  • Во авионот имало 169 патници од Индија, 53 од Британија, 7 од Португалија и 1 од Канада.
  • Авионот почнал да паѓа само неколку секунди откако се одлепил од пистата. Пилотите итно побарале помош и успеале да го кренат до височина од 190 метри. Удрил во хостел и експлодирал во огнена топка.

#planecrash
Caught On Cam: Passenger plane crashes near Ahmedabad Airport.#Ahmedabad #ahmedabadplanecrash #Prayers #AirIndia #Crash pic.twitter.com/VHU4Sn1vKR

— Peerzada Shahid 𝕏  (@PzHanan) June 12, 2025
  • Нема информации за преживеани лица од патниците. Има жртви и меѓу луѓе од зградите во кои удрил авионот. Амбулантни возила префрлиле десетици луѓе во болница.
अहमदाबाद एयरपोर्ट पर प्लेन क्रैश#Ahmedabad #AhmedabadPlaneCrash #Gujarat #india pic.twitter.com/qsNHRNgDnS
— Naveen Bhati (@inaveenbhati) June 12, 2025
  • Боинг објави дека ова е прва несреќа од ваков вид на авион од типот 787 „дримлајнер“ промовиран пред 14 години. Компанијата пред шест недели се пофали дека флотата на 1.175 „дримлајнери“ пренесле 1 милијарда патници во вкупно 5 милиони летови.
  • Пилотот бил искусен, со 8.200 часа лет. Копилотот имал 1.100 часа.
извор

Никнуваат згради на диво додека инспекторите ловат огради

13 June 2025
  • Share
  • Post
  • Заводот за статистика води евиденција за бројот на дивоградби по општини, но бројката ја темели врз основа на она што го пријавуваат самите локални самоуправи. Колку не се откриени, никој не знае. Доволен е само преглед на сателитскиот сервис на Гугл, од кој лесно може да се воочи дека дивоградби никнуваат секоја година.
  • За пет години, 80 општини пријавиле над 3.700 дивоградби, најмногу огради, иако пред очите на граѓаните никнуваат и цели згради на диво. Во Скопје, во изминатите пет години има регистрирано 740 дивоградби.
  • Сарај, Арачиново и Петровец, според податоците на државната статистика, воопшто не пријавиле дивоградби. Чаир, кој е во фокусот на јавноста, во последните три години нема пријавено ниедна дивоградба.
извор

ОН за прекин на огнот во Газа, ние воздржани

13 June 2025
  • Share
  • Post
  • Македонија беше меѓу 19-те членки на Обединетите нации што се воздржаа од гласање за резолуцијата со која се бара итен, безусловен и траен прекин на војната во Газа и доставување хуманитарна помош до цивилите.
  • Откако САД со вето ја блокираа резолуцијата во Советот за безбедност на ОН, таа беше ставена на гласање пред Генералното собрание. 149 земји ја поддржаа, а 12 гласаа против, вклучувајќи ги САД, Израел и Унгарија.
  • Резолуциите на Генералното собрание на ОН не се обврзувачки, но даваат слика за политичкиот распоред на силите и влијанијата низ светот.
  • Идната недела во ОН ќе се одржи конференција раководена од Франција и од Саудиска Арабија, на која ќе се расправа за иницијативата за долготрајно решение на израелско-палестинскиот конфликт. Францускиот претседател Емануел Макрон бара поддршка од други земји за колективно признавање на независна палестинска држава.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

К'смет во седиштето 11А

Свет
2

Мосад скрил дронови во коли до Техеран

Свет
3

Штипска обвинителка можела да биде на четири локации во исто време

4

Никнуваат згради на диво додека инспекторите ловат огради

5

Израел удри врз Иран

6

Шверцери со дронови испорачуваат штеки на домашна адреса

Пороци
7

Медиумското его на Вучиќ

Балканштина
8

Гeoргиј е новиот дебарско-кичевски митрополит

1

К'смет во седиштето 11А

Свет
2

Мосад скрил дронови во коли до Техеран

Свет
3

Штипска обвинителка можела да биде на четири локации во исто време

4

Никнуваат згради на диво додека инспекторите ловат огради

5

Израел удри врз Иран

6

ВИ ги растурила брокерите од Вол стрит

Свет
7

Шверцери со дронови испорачуваат штеки на домашна адреса

Пороци
8

Гeoргиј е новиот дебарско-кичевски митрополит

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Богати и славни

Балканштина

Кружна економија

Македонштина

Акција „Зголеми го профитот“

Македонштина

Мислеле, мислеле и...

Балканштина

На галантноста ѝ нема крај

Македонштина

Оти другине марамчиња ве дујат

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

И Данска сака трето дете

Службени песни на македонското здравство

Безделничари од сите земји - забушавајте!

Кој наш медиум има најмногу јајца?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy