Бајден има рак на простата
19 May 2025
- На поранешниот американски претседател Џо Бајден му е откриен рак на простата, кој веќе се проширил на коските.
- „Во петокот му беше дијагностициран рак на простата, карактеризиран со Глисонов скор од 9 и со метастази на коска. Иако ова претставува поагресивна форма на болеста, се чини дека ракот е хормонски чувствителен, што овозможува ефикасен третман“, објави портпарол на поранешниот претседател.
- Семејството на Бајден ги разгледува сите можни опции за третман во консултација со лекарите.
- На редовниот преглед лани, кога беше претседател, лекарите не открија сериозни здравствени проблеми на Бајден.
- Актуелниот претседател Доналд Трамп му посака на Бајден брзо и успешно да заздрави.