Како се станува влијателен

Уште самовилите не ни се смириле од комплетна зачуденост од интевјуто со светскиот истражувач, астролог, претскажувач и помагач на луѓето кого го служат ангели (комада 7) и Самовили (47!), господинот Мустафа веќе стана зрел за наслов околу македонската политика и иднина.

Интервјуто што ќе ве занеми

Седнавме да прегледаме еден текст. Неколку редови подоцна, со наведната глава се соочивме со вистината - има многу подобри од нас. Ова што изворно ви го пренесуваме, е досега невиден судир на една новинарска сила и вонсериски соговорник "предвидувач" (кој веројатно го има предвидено и овој текст). Сакавме нешто да издвоиме, ама не може, ова во целина е ремек дело.