Нашиот X Фактор

Ахмед од Кичево, младо дете кое пее две зезнати народни песни. Инструментот го има во грлото и одлично го контролира, со вистинско насочување, би можел чуда да направи. Ама, неоти ќе биде така....

Илина на ТЕД

"Од јазикот кон светогледот и назад" е темата на една од најдобрите презентации што ги видела публиката на домашните изданија на ТЕДx. Умно, свежо, забавно, полно со сочни детали и луцидни објаснувања. Така се прави тоа. Илина Јакимовска, уредничка на Букбокс, наш човек. 

Не е Телекастер туку?

Овој ви е Грмчо Змијарот, некој дечко кој чува змии. Видеото онака, намерно мајтапџиско. Таман да го баталиме, Грмчо изговара еден прастар збор кој не сме го чуле со милениуми а е пресмешен!