Камионската ергела во Македонија

Читател сакал да полага за Ц категорија па се распрашал по нашиве авто-школи да види што возила имаат на лагер. Еве дел од понудата:

Е, па, за кого бе Алија?

Првиот претседател на Бих, покојниот Алија Изетбеговиќ, и покрај сите контроверзи кои беа извлекувани од неговата религиозност, беше мек и мудар човек. Овој негов прастар совет може да ни се најде во време на предизборието: четири сорти на луѓе за кои не треба да се гласа. Послушајте ги и вратете се на насловот.   

Јагодина со кандидатура за Олимпијада

Јагодина има нов дом на културата и Јагодина го има легендарниот Палма. А сега тој со ред ќе ви објасни каква врска има домот со Олимпијадата и со ред кои се приоритетите.

Македонија, озгора и отаде

Со сите оние македонштини и булшит детектори, ние цело време зумираме во Македонија и затоа не е чудно што често ни останува неубав вкус во устата. А финтата било да се одзумира. Без детали, без ситници, сосема поинаков вкус. Штета што Македонија е толку поубава колку што пооддалеку ја гледаш.

Битола го има Свежио

Свежио е уште еден од битолските ликови. Има подвижен мини-маркет (турка количка со производи по Широк Сокак и продава) и како ретко кој знае што треба да прави за да продава. Би збореле ние и друго за Свежио, ама Свежио знае подобро да ви каже сè што треба. Точка ком точка мк.