Трујачот од Ѓорче Петров

Усул е збор кој со векови талка по овие простори и се уште нема чукнато на сите врати. Ќе видите едно видео од скопската населба а потоа и причината за тоа. Решил Господинот Граѓанин на прагови од пруга да се грее. А да има правда, на нив би бил врзан.

Таа моја наопаку Македонија

Ќе ви покажеме три македонски огласи за три сосема различни работни места. Вие ќе ги споредите понудените плати. Ако сте работник на утовар и истовар, со право ќе помислите дека се тоа малку пари за таа напорна работа. А ако случајно сте доктор, ќе почнете да си го пакувате куферот....

За еден инцидент на концертот на Симпл Мајндс

Читателка ни раскажа приказна за еден инцидент што ѝ се случил на концертот на Симпл Мајндс. Така, бааги непријатен. Иако е меѓусебен проблем, бидејќи се работи за јавен настан, објавуваме за случката, обезбедувајќи ги двете вклучени страни. Ги имате нивните верзии интегрално. Од нас толку за ова. 

Перо Деформеро - Гастарбајтер

Текстот на оваа песна е длабоко вткаен во печалбарската судбина на балканските народи. Музиката на оваа песна е метал. Што може тукa лошо да тргне? Се!

Batwoman во Битола

Иако негледливо од досада, на македонскиот интернет прилично добро се сврте видео компилацијата од празнувањето на 8- ми март во Битола. Краток опис: жени играат оро. Долг опис: жени играат оро. Имааше таму еден момент (2:41) кој беше потенциран како највреден за запазување. Сега уште повеќе.

Напушен хаику

Читател составил песна од насловите во Букбокс, Македонштина и Најчитани статии. Еве ја неговата поетска компилација.