Пост-ЈУ маркетинг

Блок реклами од РТС од декември 1992-ра (уште сè изгледа како нормално без никој да има поим што ќе се случува). Кога ќе ги собереш сите, станува како една долга реклама за Едтко. Бонус: најдовме слични колекции од 93-та, 94-та и 96-та.

Симонидо, пуста Симонидо

"Обликујем своје тело, осечам се епoхално" сам по себе е толку глуп стих што може со ноќи да ве буди од спиење. Цела песна е за вежбање и теретани а колку пуста Симонида го разбира концептот на вежбање и теретани, за жал, ќе мора да видите сами. "Енергетско пијем пиче, енергетско пијем пиче...." Терај се бре Симонидо, душа ми извади!