Жените се неверни, Раде е пилето?

Зулуф и цвикери ко Елвис, гунче ко Гиш, крагњи ко Мањифико, прстени како Леми од Моторхед, ритам како Ди Џеј Бобо, песна како Екрем. Како е можно сето тоа заедно? Па можно е изгледа баш затоа што е - невозможно. Со еден збор Раде, со два збора Раде Пилето. Донт кил д месенџер.

Скопска а светска

После толку многу изградени нови згради и објекти во последниве години, засега само една влезе во конкуренција за интернационална награда. И ако ја подбутнеме со гласање, може уште поголем чалам да правиме.