Песната се вика Крк Кардаш (четириесет браќа, на турски), по манастирот 40 маченици во Битола кој е познат и како Кркардаш. Музиката е на Жобим (Corcovado) а текстот на Роџевски.
Крк Кардаш е почеток на еден возбудлив соло проект кој многумина одамна го чекаа. Роџевски конечно почнува да го плете своето лично музичко катче во кое ќе има и оригинални композиции и преработки во сите насоки (оригинален текст на стара музика или оригинална музика врз стар текст). Без стратегија и план, вели тој, ами спонтано, како ќе се нареди енергијата.
Во меѓувреме продолжува неговата соработка со другите музичари (Исмаил Лумановски, Васко Дуковски, Александар Петров) а во блиска иднина ќе го слушнеме на новиот албум на Дуке Бојаџиев.
Песната е снимана во продукција и студио на Бојан Ѓошевски во Њујорк. Видеото за Крк Кардаш е направено со помош на Ана Бресанин од BBC и совети од Милчо Манчевски, Видео и фотоматеријалите се од личната архива на авторот и се снимени во Њујорк, Делхи, Рио Де Женеиро и оф корс, Битола.