Провиденца, Даниел Кајмаковски

Прилог на ТВ Орбис за една детска хистерија разгорена од гласини дека новиот пејачки идол на Македонија ќе се укаже и во Битола. Не е фер да ви кажуваме спојлери. Како што умно прогнозираше репортерот од местото на настанот:" Дали Даниел Кајмаковски ќе се појави или не, времето ќе покаже".

1 напред 9 назад

Видеото на ЈуТјуб е објавено со следниот опис: "AMIDZA SE RAZNIO". Не е другарски така да се збори, на секој може да му се случи.

Успех за скопската катна гаража

Кога ќе запнете, запнато е. Новата скопска катна гаража на нашиот архитект Милан Мијалковиќ и неговиот тим од Виена во својата категорија доби најмногу гласови од глобалната интернет јавност која учествуваше во изборот за престижните архитектонски награди Архитизер. 

За гејмингот се работи: Next Level

Со ќеиф им ја објавивме идејата, потоа презедоа и други портали и сè на сè, супер пројде приказната. Шерувањата на нивното промо видео да беа евра, @Gorast Cvetkovski и @Boban Stojcevski сега ќе беа во када со млеко, а @Danko Dimoski ќе го ладеа црнкињи со палма. Пошто не баш, време е за "инсерт коин".