Како да знаеш дали си во кафана

Без да навлегуваме во тоа како укинувањето на пушење цигари во кафани, ги наполни кафаните со дечурлана животно неподготвена за оваа установа, еве сликовито како да разликуваш кафана од позерај. Плус неколку хинтови: не е кафана ако постојано фрчат блицови, ако мора да се резервира, ако ракијата е лоша и скапа, ако има девојки во миничи, ако има Фејсбук страна и најважно - не е кафана ако газдата не е најјак.

Ева, сонување музика

Ева Куциновска како мала сакала да свири усна хармоника. И научила таа да свири меѓутоа живеела со баба која и забранувала да губи време со тоа. Денеска Ева има 79 години. И го има Јован да ја прати на гитара.

На Даре јакната

Предговор: Даниел Кајмаковски станува новиот музички херој на Македонија. Лудилото оди дотаму што некоја блесава тинејџерка практично си ја уништува раката испишувајќи го неговото име на неа. Е сега, одиме на вториот херој, нашиот Даре Лешоски. Тој минал сјебана вечер по Скопјево во која завршува без јакна (му ја џапнале). И искрен каков што е, на ФБ им се насерува на оние скопјани кои му се правеле фраери. Тоа повлекува еден куп дрн-дрн критики... и еден одличен  заеб.    

Ацо Поповски сака да биде запишано

Ми пишува на Вајбер Ацо Поповски, од Истанбул. Вика: "Брат ми (така се викаме, откако некој стварно помислил дека сме браќа), сакам да ти пуштам еден текст, ти види дали е за објавување кај тебе". И ми го пушта текстот. И текстот - не е за објавување кај мене. Ама, го имате.... 

Перформанс на македонски начин

Светот ја слави и воспева Марина Абрамович а ние да сме ти имале уште поголемо злато перформерско, само што ретко кој го знаел. Следнава -  комплетно надреална! - видео сеанса е дело на легендарниот македонски господин Томислав Маниќ (Црвени рози, за вас, мадам) а на сетот ќе познаете уште неколку познати ликови (каскадери?) од кои го издвојуваме носителот на епското перче, господинот Реџеп Пампур. Сè за уметноста!