Џабе се пакувавте

"Дома си е дома" од Тајзи (музика Јован Јованов) е првата објавена песна од оние што добија државни субвенции. "Најлесно пасош у рука, и фаќаш магла од тука, наместо држава своја, градиме држава туѓа, а јас имам баш добро планче..." се стиховите кои го отвораат овој анти - гастарбајтерски хит кој подоцна  се развива во заразен оптимизам кој ќе ви разбуди желба да ве милува некоја рандом Македонка. Јер Адриана Лима не би знаела ко неа. Све тоа фино, само ни е криво што според ова, Александар Македонски никад не би добил субвенција.

Анти-вирусна обука за идиоти

Целиот оној свет на сајбер криминал, компјутерски вируси и слични зла е тешко да му се објасни на просечен корисник на компјутер. Но, затоа Балканот има ликови кои знаат тоа да го преведат на јазик кој секој го разбира. Го гледа Милан Тарот и доживува епифанија: Аааааа, тоа било.... Потоа зема аспирин и го отвора фајлот.

Имате ли докази дека сте живееле во 80-тите?

Ако да, тогаш вистинскиот човек за доставување на доказите е Саша Сале Павловиќ Павлака Фрешко екс Фрешко.