Стануј Витни

Кога Невена Цонева ја видовме првпат, помисливме "да е Витни Хјустон мртва, ќе се превртуваше во гроб." Витни сега веќе две години е мртва, па време е да се размрда.

Кај се тие испрчени гради? Ах, да не е оваа матура??

Освен после завршена четврта средно (матура), нашиот намачен и сиромав народ слави и после осмо (полуматура) а од пред некое време и после завршено четврто одделение! Тоа се викало миниматура. И ај што миниматура е макси-глупа работа. Друго е сега муабетот. Овие најмаливе за "миниматура" добиваат алманах. Може сме ние нешто збудалени, ама, се пишува ли ова за четвртоодделенци?

Леон Пинк и скопските куклички

Ќе ве мавнеме јако, со еден музички флеш бек од македонска продукција. Каде ли се, што прават овие ликови? Нè читаат ли, се радувааат ли кога ќе се потсетат на себе во најдобрите времиња на вилоетовата боја? Не се заебавајте, барем не беа субвенционирани.