Идиотите секогаш стигнуваат први

На десетици километри меѓу Велес и Скопје функционира само една лента. Ќе си ѕенѕате полека и надлежните апаши на крај пак ќе ви наплатат патарина како да сте користеле автопат (не можеа да го паузираат тоа додека нема автопат?). За да се чувствувате најмизерно, ќе се погрижат најпаметните меѓу нас.

Ракијо, владарко

Да не прејудицираме, ама  оваа песна ги има сите потребни аудио-текстуални малигани за да стане следната алкохолна химна на просторите на поранешна Југославија. Музиката малку влече накај Тома (Дотако сам) ама затоа текстот ги гаѓа сите битни поенти на темата и ја доловува природната драматургија, кога човек го сфаќа својот очај, разумно ги сумира последиците, знае дека ништо од тоа не му треба и носи одлука - дај уште една.  

Каде факинг погрешивме?

Макфест, 1992 година. Моментот кога Игор Џамбазов (млад и свеж) решава освоената награда да му ја предаде на претседателот Киро Глигоров (стар и свеж) што бива акламативно поздравено од публиката. И друго нешто ни е муабетот. Колку години минаа од најавеното "души ќе прозборат, некој ќе дознае" а ние сè уште не дознавме "каде погрешивме".