Македонија и нејзините „ВИСОКИ“ градежни стандарди

Овде никогаш и никому нема да му дојде памет. Ни обиколница, ни катаљарда жртви да има по некој друг повод, ни бутур. Кој како си научил, така ќе си тера. И луѓето и службите и институциите. А публиката спремно ќе го дочека следниот хорор и ќе ц'цка по Фејсбуци.

Онаму кај што застанаа Караџиќ и Изетбеговиќ

На истото место и на истата тема продолжуваат две повозрасни жени (засега анонимни додека некој од нивните табори не ги прогласи за хероини). Сараево, трамвај, кој се крсти и кој е болниот.... Крај нема оваа приказна.

Промоција на денот од паралелниот универзум

Промоција на монументалното научно дело "Зета Македонија" од Бранко Сотировски по чиј есап испаѓа дека Македонците се стари 400.000 години. Тек да ви е јасно зошто сме толку уморни.

Каква публика, таков репертоар

Ја нема таа дрога што ова ќе ви го објасни. Среде Белград, група Казахстанци на Тома Николиќ и Нурсултан Назарбаев им ја пеат најлудата песна на Мирослав Илиќ - „Луцкаста си ти, такав сам и ја“. Првиот коментар на Јутјуб гласи: Шта је ово који курац мој? Баш така.

Отец Покемоније

"За нив има место, за Покемони и Супермени, а за Господ бог нема место," огорчено ќе каже Отец Рафаило, заклучувајќи дека кај денешната младина "не само што има место, туку има и интересирање," за она што според неговото согледување на верата и пазарот на апликации е "озбилна појава на демонски сили која им претходи на уште поозбилни".