Карлеуша сега е член на едно од оние жирија на српските шоуа за пејачки ѕвезди, често надмена, дрска и напувана во однос на кандидатите на кои полна со себе им мудрува што ѝ треба на денешната музика. Ама добро, како да не биде надмена со ваков супериорен и префинет ангелски глас?
Ај малку различност во целиов хаос. Пренесовме за тивкиот човек од Охрид лани, кога ја имаше завршено својата Фибоначи лампа (види ја статијата: "Некој во тиквата гледа семки, некој..."). Една година подоцна Климент го вади своето ново ремек дело во кое се препознава истата посветеност. Многу часови дневно, секој ден, цела година.
Дошол во Скопје, со точак тргнал на протести, паднал и ја удрил главата во тротоар. Бил однесен и саниран во болница, му рекле да мирува, ама, кај Спанаќот ќе ти мирува.
Политички коректниот опис на ситуацијава би бил: Двајца колеги од кујна, едниот е со црна боја на кожата а другиот е белец и расист. И, таквиот опис нема врска со ситуацијава.
Кога ви викавме дека на земjинава кугла нема ништо поглупо смислено од субвенционирање песни кои треба да станат популарни кај народот (види ја статијата "Игра рокенрол цела државна субвенција", април 2013), некои мислеа дека сме пицајзли. Еве нè сега на дереџето кое се вика Црвена боја.