Добредојдовте во Зоната на самракот

Искрено, не може да му се изначитаме на сајтов откако го откривме пред некој ден. Српски е, се вика Зона на самракот, и се води како - црн таблоид што ќе го прочитате во еден здив. Новинарски, комплетно професионално сработен, со структура на вест, со вовед, со извори, јасен, концизен, со ликови, со тензија во приказната, со сè за да ја личи веста како што треба, и во таа смисла многу поквалитетен од многу работи што ги читате на нет.

Ги знаете ли Очајни домаќинки?

Овие „Очајни домаќинки“ не се ни очајни ни домаќинки, ама па тоа не беа ни оние оригиналните. Онаа на хармоника е по везењето а онаа на бубњеви може да ви закова скеле! Браво цури!

Лажната хрватска принцеза и американските медиуми

1991 година, почнува српско-хрватскиот воен пичвајз. Ненадејното внимание на американските медиуми кон овој простор го искористува извесна лепенка Сузана Радиќ, претставувајќи им се како Сузана Франкипане Анжу Торкватус фон Радиќ, хрватска принцеза и последна жива фиданка од старата кралска лоза. Да ги видите вие тие аристократски кукурек шишки, тие благороднички чатма веѓи, таа ројалски суптилна шминка. Браво ма Суска! 

Тереза Кесовија - Химна на плинарите

Тереза Кесовија беше вистински крем де ла крем на пејачката сцена во екс Југославија. Една класа дама која секогаш се држеше аристократски и по малку надмено, мислиш бисери сере госпожата. Настапи во париска Олимпија, дружења со европскиот џет сет, живот на висока нога, љубовни драми, козметики, третмани.... А ова, како дошло до ова, питај бога!