Градот во кој сè е наопаку

Скопје. Во него коњ. Коњот на јаже е воден од една кола. А каде во Скопје кола води коњ на јаже? Се разбира, на патека за трчање. Оф, каде ли (сè) погрешивме?

Македонец 2017

Вакви работи треба во етнолошки музеј да одат. Пар експонати, со наслов „Македонец, 2017“, како пресек на времето кое ни се падна да го живееме.

Бобе Марли, wish you were here

Увид во опуштениот и шармантен дел од Скопје. Тие се ем шарени ем покажуваат заедништво, ама не те напињаат ко овие другиве ајвани. 13 минути тотална позитива од денот на Боб Марли на Школка во парк. Тука е Шопето и други фаци што ги познаваме ама ѕвезда на вечерта е еден клинец со црвено капче. 

Како турбо-фолкот стана општествено прифатлив

Од онаа луцидност на Рамбо дека турбо-фолкот е всушност панкот на новите млади со кој тие го покажуваат својот бунт кон светот на нивните родители (кои слушаа „квалитетна музика“ па сепак сјебаа и држава и сè) па до интересната еволуција накај нетипичните сексуални ориентации. Во секој случај, турбо-фолкот е покомплициран (и поинтересен!) феномен отколку што тоа го мислат лажните, напувани музички елитисти кои сметаат дека завршиле работа со тоа што ќе се гадат од него.