Овие од Град Скопје треба на баачка да ги носиме

Прво маестрално испоутнаа еден редовен и извежбан градски сервис каков што е прскање против комарци. Па тврдеа дека прскаат само што авионите им се стелтови па не се слушаат. Па се пофалија за новото прскање со старо видео. Па сега нè канат да сме дошле у 5 сабајле на Стенковец, да гледаме како полетуваат. Стварно, најстварно.

Македонски вестерн: Последното цивилизирано племе

Видете вака, ова чудо трае околу 19 минути и е толку анбиливибл што веројатно ќе стане култно видео меѓу (јако напушените) љубители на филмската уметност.

Еден ќош, илјада Скопја

„Дали е ова нормално во Скопје?“, нè прашува еден странец пуштајќи ни видеа од она што го снимил во центарот на Скопје. Да е само едно, па да му речевме, јеби га, се дешава. Ама три се и тоа снимени од само еден агол, онаму кај Палома Бјанка, на 50 метри од полициската Беко.

Политиката како свирање Курцу

Луѓе без морал (или барем срам) се како бротчиња без сидро. Без можност да одберат свое место и своја заветнина, бескрајно ќе се ашкаат кај што ги носат струите и ќе ги талкаат брановите кајшто ќе стигнат, додека не се залупаат во некоја карпа. Кога таквите се и политичари е потрагично, бидејќи политичарите по дефиниција бараат од тебе да тргнеш по нив и да ја следиш нивната траекторија, убедувајќи те дека неа ја одбрале капетански умно и одговорно. А таа траекторија ја одредуваат струите и брановите. И ништо друго.