Да се најде дечково и да му се прати тегла ајвар

Азијат од Австралија нагазува на старото (чуј старо- античко!) минско поле, дали Александар Македонски бил Грк. Заклучува дека не баш, со оглед на проблемите со Олимписките игри, на кои можеле да учествуваат само Хелени, а не и варвари. Очекувано, му се з'гнуваат Грци, некои од нив убедени дека е платен така да зборува. Глупи едни, ние парите за Митилинеос ги чуваме.

249

За да добијат пари за изборно рекламирање се имаат пријавено 249 портали. Не е поентата што има таму и шуто и рогато. Поентата е дека ќе се прават дубари со државни пари. Криминал. „Идејата е сите тие фејк портали да послужат за перење пари. Некои партии на таквите "портали" ќе им дадат пари за политичко рекламирање, а газдите на тие портали потоа (а најчесто и пред тоа) ќе ги вратат парите во партиите во кеш“, пишува Героски.

Другови, долази време ќорке...

Ако само една ипол година не се произведува со скапиот грчки јаглен (туку се увезува струја), од заштедените пари, без Митилинеос, би ја изградиле гасната централа и тоа без едно евро кредит! Наместо тоа, домашните предавници (во вистинска смисла на зборот!) нé предаваат во грчко енергетско ропство - како со увозот на јаглен, така и со гасната централа на Митилинеос.

Багра фушерска

Илустрација од македонскиот учебник по Природни науки за шесто одделение.