Коалиција на денот

Фронтменот на Ѓаволи, Нино Белан, кај Лака на подкаст („Опет Лака“, препорачуваме), раскажа добра случка. На времето тие, Дино Дворник и други свиреле во Сплит и било решено парите од концертот да се дадат за реконструкција на некоја тамошна црква. И сега замислете ја сцената кога излегува попот и вика: „Фала им на Ѓаволите!“

Црногорски одметник од својот род

„Црногорците се мрзи, Босанците се глупи, Словенците се циции...“ пееше Рамбо Амадеус на тема предрасуди. Фаст форвард денес во Америка: Чикашката антимигрантската полиција апси странец кому дозволата за престој му завршила пред дури десет години, а тој во меѓувреме некако успеал да се вработи како -полицаец! Радуле Бојовиќ, Црногорец. Ок, Словенците стварно се циции.