That's All Folks

Да ги сумираме сите наши државни, системски, партиски и народни успеси. Една слика, илјада „си знаеме ние зошто.“

Ушобол на денот

Се вика Благодушка Марулова (којзнае што трол е тоа). Првата песна што ни ја имаше испратено ја слушнавме и за ваше добро - не ја објавивме, по што Благодушка нè имаше прашано, отвораме цитат ZD NEJE KLADENA PESNMATA, затвораме цитат. Но...

Околу видеото каде што Бил Гејтс „боцка мали деца со ГМО и се смее злобно“

Многу е лесно да извадиш нечија изјава од контекст и после тоа да ја шириш како најнеодговорен кретен по социјални мрежи и да вознемируваш луѓе што можеби немале ни прилика ни капацитет да се информираат повеќе. Фино е да се мисли дека живееме во свет каде што нема потреба од вакво објаснување - ама не е реално. Значи вака:

На јагленот црно му се пишува

Традиционалните извори на електрична енергија го отпеаја своето. Соларните панели добиваат своја химна и веќе ништо нема да биде исто. За да се долови самата суштина на струјата, и спотот за химната е наизменичен: малку пејачот, малку газдата. Елоне, спиеш ли мирно?

Како се вика багра на битолски?

Независна советничка од Битола, инаку здравствен работник, на онлајн состанок ги информира колегите од градскиот совет дека наместо ветените 40% од плата, добила само 92 денари. Претседателот на Советот, извесен Валентин Груевски, ѝ го дава следниов совет: На подарен коњ не му се гледа во забите (?!).

Ненад Чанак, и да врне и да вее

Ненад Чанак и неговиот Војдодински фронт излегуваат во изборна кампања со слоганот „И во добро и во лошо, ние сме тука!“ Еве како ја визуелизирале пораката.

Каков сајт, лик и сè друго на денот

„I'm Nelko“ (Hi, Nelko) ќе каже тој на својот сајт за веднаш да допрецизира каков е Нелко: „precise and professional“. Но ако после тие пет букви од Нелко следат уште четири (вски), по разгледување на сајтот следат многу пријатни заклучоци.