Околу видеото каде што Бил Гејтс „боцка мали деца со ГМО и се смее злобно“

Многу е лесно да извадиш нечија изјава од контекст и после тоа да ја шириш како најнеодговорен кретен по социјални мрежи и да вознемируваш луѓе што можеби немале ни прилика ни капацитет да се информираат повеќе. Фино е да се мисли дека живееме во свет каде што нема потреба од вакво објаснување - ама не е реално. Значи вака:

Клипот е исечен од гостување на Бил и Мелинда Гејтс во Брисел, каде што зборуваат за потребите од одредени генетски модификации на земјоделски култури.

Почнува Мелинда Гејтс, и објаснува дека 7 од 10 возрасни луѓе во Африка се земјоделци и дека земјоделството е еден од најголемите двигатели на економијата. И бидејќи таму климата е често непријателски настроена кон одредени земјоделски култури, смета дека, најпросто кажано, ако генетски се модифицира пченка да биде поотпорна на суша, локалците би имале многу повеќе род, отколку да се мачат да садат пченка која и онака не би преживеала во прежешката клима.

Значи, не ГМО пченка која би нѐ труела и разболувала, туку семе од пченка кое после одреден период на истражување и тестирање би се модифицирало (изменило) да биде поиздржливо на жешки температури.

И додава дека сепак треба тестирање за тоа, за да се дојде до најдобар резултат, а населението само да одлучи што е најдобро за него.

На ред е Бил Гејтс, се надоврзува на она што го кажува Мелинда за потребите од тестирање на семето за да може да се добие најдобар и најздрав резултат.

Вели, најсилната аналогија може да се направи со медицина.
Превод: „Најлесно можеме да споредиме со медицина.“

Односно, вика, како за некои лекови што можеби имаат несакани ефекти, дали би требало да имаме тестирање и за нив?

Тука доаѓа нечија омилена, спорна, сатанска изјава.

Но, преведена во контекст:

„И лековите можат да имаат негативен ефект, нели треба да има тестирање? Сепак, земаме нешто што е генетски модифициран организам, и го ставаме со игла во детски раце, право во вена. Така што да, мислам дека треба да има некаков безбедносен систем.“

Поточно (во истиот контекст!), сака да каже дека:

Како што не би земале генетски модифициран организам и не би го вбризгале во детско раче без да биде тестиран и без да помине низ некакви проверки, би требало да внимаваме и со генетското модифицирање на храна.

Ете што е работата со тој клип. A не дека бил Гејтс злобно се смее и ужива во изјавата дека шприца ГМО во детски вени, како што хистеризира излудена раја и напувани квази интелектуалци.

Еве како тоа звучи во оригинал:

И еве го пак тоа, ама со драма:

И ете колку се кретени оние што го споделуваат.

 

14 јуни 2020 - 18:17