Русјаков, одјава

Немаш лична карта, здравствено осигурување, нема да имаш ни пензија. Ти не постоиш. И згора на сè ќе ти се посерат на глава, зашто секогаш има некој што сака да ти се посере на глава. Е па доста. Ти тука запираш. За тебе војната заврши, те поразија непријателот и твоите сојузници. Заедно.

Со Бугари нема опуштање

Го оставија нашиов да се разнежни и распекмези околу „братската и нелицемерна љубов“ која ја добиваат од своите бугарски браќа во Христа за на крај да му закуцаат прашање која е неговата порака до бугарскиот и СЕВЕРНОМАКЕДОНСКИОТ народ. Мислите на отец Јаков му воскресна некоја сива ќелија? Ваистину не му воскресна.

Спортски риболов на кумановска река

Не е важно што риба ќе погодиш туку што бела техника ќе утнеш. Ах, како фино тука ќе легнеше една од оние смешки: само вие држете се до името, како името да ќе ви ја исчисти реката....

Така ти е Ленче моја, кога љуби Македонец

Ја моли Ленче да му отвори врата, да пушел цигара и да ја зјапал у фаца, и сè така, циле-миле, да се земеле, супер ќе им било.... Ама сето тоа ако Ленче прифати. Ако не, мамата мамина. Чујте ја последната строфа.

Хрватски здравствен хорор

Од самит натпис на ординација, па до лекарот кој изгледа како излезен од лош скеч, сè зборува да бегате од таму. Но, таквиот доктор и не е главен јунак на оваа просторија. Чекајте да ја видите медицинската сестра.

Што нема да види Папата

Колку што разбравме, освен миса на Плоштад и посета на Католичката црква во Скопје, Папата ќе ја посети и Спомен куќата на Мајка Тереза. Прејако ќе биде ако пред да влезе, неочекувано им сврти лево, па дојде до ова место, им покаже нагоре, па на домаќините, на чист македонски (знае тој јазици) им каже: „А ова што е бе, ајвани, нели само тоа барокот ви се распаѓаше?“