Кучињата лаат, Дурмо си врви стотка

Не би ни да потсетуваме на трагедијата која кај Ласкарци им се случи на луѓето кои се возеа со автобус на Дурмо турс лани во февруари. 16 загинаа, преку 30 беа повредени. Мислите некому му доаѓа памет после такви настани? Еве ви еден автобус на Дурмо сега, снимен на Тетово - Гостивар, како шиба скоро стотка на место каде што ограничувањето на брзината е 80. Не на Запад, во Нигерија човек треба да побегне.   

Прогресивно ѓубриво за цвеќето на злото

Едно прашање е како се чувствуваат оние како Козлова и компанија вака ставени ем против својот народ (кој тоа нема никогаш да им го заборави) ем во спрега со криминалци и авантуристи (а божем левичари). Но, многу поважно е дали ЗЗ ќе одговара за велепредавство и за криминал (се разбира, со другарчињата му).

Рапот на нивното детство

Неколку скопски клинци (2 Acko FX) го опеваат своето детство кое не е детство со џамлии и долга магарациа, ниту со MTV и тетриси, туку детство со маски, миј раце, не се мешај со луѓе.... Бидејќи ќе дојде ден кога и тие на своето детство ќе се сеќаваат со носталгија, којзнае какви сè времиња нè чекаат.