Дека странците истурија море пари во PR компании (Stratagem), медиуми, НВО и тинк-тенкови за успее референдумот за името, тоа го знаевме. Дека ЗЗ изнудуваше од газдите пари да им се дадело на работниците за да гласаат - тоа го чувме и видовме со свои уши и очи. А сега, преку прислушуваните разговори, сфаќаме и дека ЗЗ (преку оној „сестран“ Кичеец) го користел и криминалното подземје...
Едно прашање е како се чувствуваат оние како Козлова и компанија вака ставени ем против својот народ (кој тоа нема никогаш да им го заборави) ем во спрега со криминалци и авантуристи (а божем левичари). Но, многу поважно е дали ЗЗ ќе одговара за велепредавство и за криминал (се разбира, со другарчињата му). Во минатото, кога поинтелигентни луѓе воделе политика или извршувале налози на колонизаторите, сепак, биле потребни децении да се отворат архивите и да се открие вистината. Денес е сé на ачик! А кога го кажувавме ова истото уште пред две години, нé правеа националисти и руски шпиони, а тие прогресивните Европјани.
И пред ЗЗ, Македонија беше гнила држава, ама Грујо крадеше и мешетареше само за свој ќар и за моќ. Овие го уништија и она малку што остана од државата - а срамот да биде поголем професори и интелектуалци им даваа легитимитет. И уште пишуваат за режимот на Грујо како извор на сите зла, а не гледаат каква улога одиграа тие во процутот на цвеќето на злото.