Не иде така, другари!

За Законот за употребата на јазиците. Прво, Македонците во Македонија не се етничка заедница, па Албанците да бидат втора, како што пишале во писмото албанските интелектуалци. Македонците се државотворен народ. Второ, Охридскиот рамковен договор е целосно имплементиран во Уставот уште во 2001 година. Сѐ што е донесено подоцна, вклучително и Законот за употребата на јазиците („во духот на Охридскиот рамковен договор”), е надвор од него.

Дали Куранот дозволува чупање МЕЃУ веѓи?

Да, тоа е едно од безбројните блесави прашања кои му се поставуваат на Елведин Пезиќ а овој со најголема сериозност им одговара, толкувајќи им го Куранот. Додуша, ние првпат разбравме и дека чупање веѓи не му било по воља на Алах (зошто, побогу?) ама сега тема е оној простор меѓу нив. Може, галантно дозволува Елведин, ама стриктно во средина, да не се забегува лево - десно!