Цеца е бре - класа

ОК, полека со обџекшнс. Муабетот ни е дека впечатокот за некоја личност некогаш зависи и од околината во која се нашол. Седни ја до балван, некако ќе ти заблеска. А Цеца ја седнале до Ивица Дачиќ.

Шибицарите математиката ја извртеа, не па идентитетот

Да се потсетиме кога Бојан Маричиќ глобално се брукаше дека референдумот всушност бил позитивен, ама тој булшит не проаѓаше кај водителката па на крај му плесна „Вие изгледа попат ги менувате правилата?“. А стварно, секој пристоен човек на кој партиските шефови  би му рекле ТОЈ да излезе на Ал Џезеира и да ги убеди дека 36 е поголемо од 50, би рекол: „Немојте бе луѓе, глупо е, ќе ме изедат“. Е да, клучниот збор е „пристоен“.   

ЕУ? Ало, ЕУ? ЕУ ма?!

На оваа приказна ми текна кога си помислив како ли се чувствуваат сите оние ѓоа мудри глави што парадираа со ЗА прилепено на нивните профилни слики и ревери, кои нѐ убедуваа дека од историја и име не се живее, кои ги етикетираа сите неистомисленици како небањати сељаци, пропагирајќи го виткањето кичма како врвна кама-сутра поза што нуди безгранична сексуална сатисфакција...

Џабе ѝ ставате имиња на Македонија

Сите завојувачи на Македонија се обиделе да ја избришат македонската историска свест, наметнувајќи ѝ на земјата административни имиња, и тоа вештачки. Залудно. Кој е роден во Македонија - знае.

Слушнете ја Джингл белс од безбедна оддалеченост

Заев вика: Југославија ги разделила Македонците и Бугарите и со децении ги држела одвоени едни од други. Ние викаме: Фала ѝ.

Од светот за Македонија, со љубов

Група музички ентуизијасти и вљубеници во македонската песна во соработка со наши музичари склопиле фина врзија на „Сокол ми лета високо“. Кога ќе видиш деека на кавал е Фабио, на зурла Џесика, на тамбура Диего, Давид и Тамура Јочимичи а за Гоце Делчев пее Лорен, ем ти доаѓа убаво, ем екстра пелин поради силувањето кое ѝ се случува на Македонија. 

Најлоши сме меѓу најлошите

Најљубезно се моли Венко Филипче да не ги релативизира работите со неговите паушални изјави, како неговиот шеф пред неколку дена. Денеска изјави дека смртноста била висока насекаде и дека немало потреба од полициски час и други мерки.

Представете си живота в ритъма на танцовата музика

Забелешка за надлежните: Колку и да е банално, сфатете го ова како дел од СВЕСНА и ПРИВАТНА анти-бугарска пропаганда, зашто законите не забрануваат анти-бугарски, анти-монголски или анти-хавајски пропаганди а глупо е во Македонија да постои само про-бугарската пропаганда на Заев и неговите колаборационисти. За поефикасна борба против нас, најдолу ви подаруваме едно гратис средство.