Бугарите ова го објаснуваат со муабет дека Димитров од Москва добил наредба за ваква политика. А после дојде Тодор Живков и се подисправила работата, пошто се знае дека Живков е светски познат по тоа што жестоко му одеше контра на Кремљ. Мерете им го умот.
На Бугарите сега им пречи што ги викаме - Бугари! Ще се самуубеся или ще изчезна безкрайно! Стварно. Сега кенкаат што ги викаме Бугари а тоа да ти било грубијански и понижувачки. Не го мисли тоа некој овчар од Нова Загора туку член на нивната историска комисија со која нашиве нешто треба да преговараат. Што да преговараш бре со вакви? Не чини кога хуманоидните Македонци ги викаат Бугари, не чини кога роботизираните Македонци ги викаат Татари. Па како да ги викаме, гладиоли?
Младиот стружанец земал бугарски пасош од најрационалната причина која може да постои: неговиот живот и здравје. Сега им го пакува пасошот во коверт и им го враќа на Бугарите. Сериозно сме без зборови.
Пазете го новинарот кој го правеше она дно интервју на Заев. Од самото интервју, ќе го памтевме само како носител на најбугарската модна комбинација која сме ја виделе последниве десетина години. Ама, имал тој и поголеми проблеми.
Ова стана толку набиено, срање до срање, да не можеш да пофаќаш. Пазете што ни проаѓа во ова масовно пеплосување кое ни го приреди Заев. Каракачанов, бугарски министер, јавно го класификуаше како Бугарин. Па побогу бре, Заев!